На 9-ти ноември околу 2 часот и 30 минути на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар лишиле од слобода 15-годишен малолетник од Република Албанија поради сомнение дека на подрачјето извршил повеќе кражби и тешки кражби во куќи.
Притоа, кај него биле пронајдени и одземени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од овие кражби.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар.