На 05.08.2021 околу 15.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада” во Куманово, малолетник од Куманово, управувајќи мотоцикл „кимико”, со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Е.Ј.(32) од Куманово, сопатничка на мопедот, додека Д.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.