среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник со повреда од воздушна пушка примен во болница

Малолетник со повреда од воздушна пушка примен во болница

МВР информира дека вчера во 22.10 часот било пријавено дека дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје бил примен повреден малолетник.

На клиниката со здобиени повреди од дијабола од воздушна пушка е донесен малолетник од с.Ваксинце, кумановско, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.