СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.К.(33) од ресенското село Покрвеник поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При преглед на пријавениот и на патничко моторно возило што го користел, извршен пред угостителски објект на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид, полициските службеници од Одделението за нелегална трговија со дрога при СВР Охрид пронашле марихуана и кокаин.