вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Маж ќе одговара: Поради семејно насилство добил забрана за приближување, но не ја почитувал

Маж ќе одговара: Поради семејно насилство добил забрана за приближување, но не ја почитувал
илустрација

СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.Ш.(39) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“.

Пријавениот, во три наврати постапил спротивно на решение со правосилност од 15.08.2022, односно ја прекршил привремената мерка за заштита од семејно насилство – забрана за приближување до живеалиштето каде што живеат жртвите од семејното насилство.