Денеска (21.09.2021), на локалниот пат Радишани- Побожје, кон с.Танушевци, скопско, при контрола на комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А. од с.Танушевци, полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север пронашле поголема количина стока за широка потрошувачка без соодветна документација.
Поради постоење сомнение за сторено кривично дело „недозволена трговија“ лицето и возилото биле предадени на полициски службеници од Полициската станица Бутел за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.