СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Е.(58) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности’’ и „бесправно градење“.
Пријавениот, во текот на јуни 2021 година, во својство на инвеститор, во Тетово на ул.„Илинденска“ на парцела сопственост на Република Македонија изведувал градежни работи без претходно одобрение за градба од соодветни институции.