понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Маж од Гостивар превезувал патници без да поседува соодветна документација

Маж од Гостивар превезувал патници без да поседува соодветна документација

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против С.С.(43) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.

На  11.02.2022 на место викано „Ростушко анче“, општина Маврово и Ростуше, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „форд“, при што било констатирано дека пријавениот превезувал патници без да поседува соодветна документација, односно лиценца издадена од соодветна институција.