На 09.04.2019 околу 13:00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во објект во изградба на улица „Бранко Станоевиќ“ во Гостивар, сопственост на Х.С.(64) од Гостивар, С.Џ.(51) од село Кондово, скопско, додека изведувал градежни работи паднал и се здобил со тешки телесни повреди.
По укажаната лекарска помош во Медицинскот центар-Гостивар, С.Џ. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар и се работи на целосно расчистување на случајот.