На 14.11.2018 година околу 16.15 часот било пријавено дека во Македонски Брод, во атар на село Драгов дол Д.Л.(55) од Македонски Брод, паднал од орев и се здобил со повреди.
Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Медицински центар Прилеп каде лекар констатирал смрт.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.