среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Маж од Охрид фатен со дрога

Маж од Охрид фатен со дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Ц.(40) од охридското село Подмолје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При претрес во стан во Охрид, каде престојувал пријавениот, пронајдени се и одземени две кеси со марихуана, 21 семка и гранки од растението канабис.