На 29.09.2021 околу 03:10 часот на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода Д.А.(34) од с.Радишани, скопско, затоа што се однесувал агресивно и навредувал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.