ОВР Струга поднесе кривична пријава против лицето А.С.(56) од струшкото село Лабуништа и правен субјект со седиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.
На 22.03.2022 на ул.„Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници сопреле и извршиле контрола во автобус, сопственост на правното лице, и утврдиле дека возачот А.С. не поседува соодветна лиценца за таа дејност издадена од надлежен државен орган.