понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Маж од Тетово ќе одговара за вршење на јавен превоз без поседување на лиценца

Маж од Тетово ќе одговара за вршење на јавен превоз без поседување на лиценца

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.С.(54) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“.

На  08.02.2022 полициски службеници од СВР Тетово на регионалниот пат Тетово-Скопје, кај влезот во с.Сараќино, при контрола на патничко возило „фиат дукато транзит“, управувано од пријавениот, констатирале дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца.