среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Маж од Валандово пронајден мртов во својот двор

Маж од Валандово пронајден мртов во својот двор

На 22.08.2018 година во 19:10 часот во Полициската станица Валандово, Д.Ј. (62) од Валандово пријавил дека го пронашол починат неговиот сосед П.Ј. (62) во дворот од неговата куќа на ул.„Орце Николов“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Валандово и лекар од Здравствен дом –Валандово, кој констатирал смрт.

По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.