петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МАЖ СЕ УДАВИ ВО ВОДИТЕ НА ВАРДАР – еве ги деталите

МАЖ СЕ УДАВИ ВО ВОДИТЕ НА ВАРДАР – еве ги деталите

Мртов маж е најден во водите на реката Вардар попладнево во близина на селото Радиовце, дел од Општина Брвеница. Телото е забележано околу 14 часот по што е пријавено во полицијата, по што е започнат увид од институциите.

-Околу 14 часот во полициската станица Жеровјане пријавено е дека на течението на реката Вардар во близина на браната кај Радиовце е најдено безживотно тело. По пријавувањето на местото се пристигнати екипи од СВР Тетово, Основно јавно обвинителство по што е започнат увид со цел идентификување на безживотното тело и расчистување на случајот, информираат од СВР Тетово за МИА.

Од тетовската пожарна информираа дека нивните стручни лица учествувале во вадењето на телото од реката Вардар.