ОВР Дебар поднесе кривична пријава против М.Д.(67) од с.Селокуќи, дебарско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Пријавениот, во текот на 2021 година на место викано „Бадеми“, на парцела на брегот на Дебарското езеро, без одобрение за градење, изградил објект од втора категорија од тврд материјал, при што се стекнал со противправна имотна корист.