Татко на 12-годишник пријавил во полиција дека вчера во 19.00 часот на улицата „Дрезденска“ бб, поточно во близина на ОУ„Војдан Чернодрински“, непознат сторител извршил разбојништво во обид над неговиот малолетен син.
Според пријавата разбојникот го прашал момчето колку е часот, по што од панталоните извадил пиштол, го репетирал и почнал да му пребарува по џебовите од јакната. Кога увидел дека нема што да му земе, сторителот го напуштил лице местото.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.