ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.Н.(42) од струшкото село Велешта поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.
Тој, во периодот февруари-мај 2023 година, на лице од струшкото село Франгово, во повеќе наврати му се јавувал на мобилен телефон и му упатувал пораки со закани барајќи му исплата на наводен долг.