недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Маж направил хаос: Украл сообраќаен знак, уништил неколку возила, па бил агресивен кон полицајци

Маж направил хаос: Украл сообраќаен знак, уништил неколку возила, па бил агресивен кон полицајци

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(31) од Крива Паланка, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста и сообраќајот“.

Пријавениот на 08.05.2023 кај место викано „Осички Мост“ на ул. „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, од улица отстранил сообраќаен знак со што ја загрозил безбедноста на сообраќајот, а потоа, употребувајќи го сообраќајниот знак, на раскрсница на магистрален пат од Крива Паланка кон Деве Баир, на место викано „Осички Мост“, запирал возила и фрлал со тврди предмети кон нив.

Воедно, пријавениот со агресивно однесување и закани попречувал службени лица при вршење на службени дејства.