среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Маж направил хаос во казино: Не му дале пари, па почнал да крши и тепа

Маж направил хаос во казино: Не му дале пари, па почнал да крши и тепа

На 01.08.2023 во 16:25 часот во Велес од страна на полициски службеници од СВР Велес бил лишен од слобода Р.А.(49) од Велес, поради тоа што околу 16:05 часот во казино најпрвин побарал пари од вработените, а откако бил одбиен почнал да се заканува и со тврд предмет оштетил апарати.

Според пријавеното, тој потоа физички нападнал една од вработените и ѝ одзел мобилен телефон.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.