недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Маж пронајден починат во домот: Паднал од мотор, но одбил да оди на лекар

Маж пронајден починат во домот: Паднал од мотор, но одбил да оди на лекар

На 04.03.2023 во 09.00 часот во СВР Штип било пријавено дека во својот дом во Кочани бил пронајден починат Г.П.(45) со повреда на главата.

-Според пријавеното, околу 00.30 часот, пред неговиот двор паднал од мотоцикл и се здобил со повреди, а со помош на сосед бил внесен во домот, но одбил да оди на лекар, информира МВР.

Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.