СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(54) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама”.
Пријавениот, во договор со уште едно лице, набавил суплементи (таблети, прашкаста материја и течност) во вредност од 462.189 денари и се обидел да ги пренесе преку граница без да плати царински давачки.
Имено, на 06.01.2023 при контрола на автобус, кој го управувал пријавениот, полициски службеници ги пронашле и одзеле суплементите, кои не ги пријавил на граничниот премин Табановце, при влез во државата.