СВР Куманово поднесе кривична пријава против Џ.И.(71) и М.И.(66), двајцата од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Пријавените изградиле две куќи на место викано „Османов рид“ во Куманово, а со Записник од Секторот за инспекциски надзор при општина Куманово било утврдено дека не поседуваат потребна документација за градба издадена од Секторот на урбанизам при општина Куманово.