вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Меѓу нив и малолетници: 28 мигранти пронајдени во товарно возило

Меѓу нив и малолетници: 28 мигранти пронајдени во товарно возило

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Р.К.(32) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На 08.09.2023 на автопатот Гевгелија-Скопје, кај наплатна станица Демир Капија, полициски службеници извршиле контрола на товарно возило „мерцедес спринтер“, управувано од пријавениот, при што пронашле 28 лица мигранти од Сирија, меѓу кои четири малолетници.