недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Место во самоизолација, во тек на полициски час во Гостивар се движел со кола

Место во самоизолација, во тек на полициски час во Гостивар се движел со кола

Лице кое требало да биде во задолжителна самоизолација согласно донесените мерки за сузбивање на заразната болест –  COVID 19, на 26 март во 22:00 не го почитувал ниту полицискиот час, па се движел со возило низ Гостивар, информираат од Јавното обвинителство.

Поради стореното кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар до Основен суд Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог со предлог на обвинетиот да му биде изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби.