среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мигрант од Авганистан тешко повреден, сакал да се качи на товарен воз кај Криволак

Мигрант од Авганистан тешко повреден, сакал да се качи на товарен воз кај Криволак
илустрација

На 31.08.2021 во 00,25 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на Железничката станица Криволак имало повредено лице– мигрант, Р.О. од Авганистан. Според пријавеното, во близина на железничката станица Р.О. се обидел да се качи на товарен воз кој тргнал од станицата кон Скопје, при што се здобил со тешка телесна повреда, информира МВР.

Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Неготино.