четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мигрант пронајден починат во нива во кумановско

Мигрант пронајден починат во нива во кумановско

На 22.07.2022 во 16.58 часот во СВР Куманово, С.З. пријавил дека во нива во место викано „Ново Куманово“, атар на с.Речица, кумановско, пронашол починато машко лице мигрант, информира МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

По наредба на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.