Денеска (24.04.), во текот на раните утрински часови полициски службеници од ПС за БПС Битола и од СВР Велес открија 27 лица илегални мигранти–24 од Авганистан, двајца од Мали и едно лице од Сирија.
По завршување на процедуралните постапки мигрантите се пренесени во транзитниот центар Гевгелија.
Исто така денеска околу 11:30 часот во реонот на Нов Дојран на место викано Калдрма од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Стар Дојран откриено е едно лице илегален мигрант од Мароко, кое е пренесено во Транзитен центар Гевгелија.