недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Мигранти од Авганистан приведени во Тетово

Мигранти од Авганистан приведени во Тетово

На 18.04.2022 околу 09:10 часот во СВР Тетово, вработен во царинскиот терминал во Tетово пријавил дека во товарно возило „даф“, со велешки регистарски ознаки, кое пристигнало од Турција, биле пронајдени двајца мигранти од Авганистан.

Двајцата мигранти, Г.С.(20) и В.Х.(26), биле приведени и задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка, а подоцна  биле спроведени во Транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.