На 21.06.2021 околу 01:30 часот на патот Неготино – Градско, полициски службеници од СВР Велес и Полициската станица за граничен надзор Михајлово дале знак за запирање на патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, но возилото не застанало.
По преземени мерки и пребарување на теренот возилото било пронајдено и во него биле затекнати 13 лица – илегални мигранти (12 од Пакистан и едно од Сирија).
Мигранти биле спроведени во Tранзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се работи на расчистување на случајот.