петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мигранти од Сирија и Палестина донесени во Македонија со бугарско возило

Мигранти од Сирија и Палестина донесени во Македонија со бугарско возило

На 16.10.2023 во 16:05 часот на крстосница Богданци, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Стар Дојран забележале патничко моторно возило „тојота“ со бугарски национални ознаки и патничко моторно возило „ауди а8“, во кои се превезувале мигранти.

Во близина на с.Фурка, дојранско, возилата застанала и ги истовариле мигрантите, по што заминале. На место биле пронајдени четири лица мигранти (по двајца од Сирија и Палестина), а набргу на влезот од с.Фурка било пронајдено возилото „тојота“.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гевгелија. Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар „Винојуг“ – Гевгелија за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот.