недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Минофрлачи од Првата светска војна најдени во прилепско

Минофрлачи од Првата светска војна најдени во прилепско

На 11.04.2023 во СВР Битола, А.П.(50) од Прилеп пријавил дека во с.Мраморани, прилепско, пронашол предмети кои наликувале на гранати.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола излегол на местото и било констатирано дека се работи за осум  парчиња мини минофрлачи калибар 75мм од Првата светска војна.

Пронајдените минофрлачи биле подигнати за понатамошна постапка.