вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Млад битолчанец “падна“ во рацете на полицијата, кај него најдени хероин, кокаин, таблети…

Млад битолчанец “падна“ во рацете на полицијата, кај него најдени хероин, кокаин, таблети…

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Д.(25) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 06.12.2021, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

Исто така, на 10.04.2022 на наплатна станица кај Велес, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило сопственост на пријавениот.

При што пронашле и одзеле хероин, марихуана, таблети, дигитална вага и пари.