недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Млад скопјанец со повреда од пиштол донесен во Градска- еве ги деталите

Млад скопјанец со повреда од пиштол донесен во Градска- еве ги деталите

Во СВР Скопје вчера во 15.45 часот било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреда од пиштол бил донесен А.Б. (27) од Скопје.

Околу 15.30 часот на улица „Бајрам Шабани“ во настанот учествувале неколку лица, а со повреди се здобил А.Б..

Подоцна, во близина на местото, било пронајдено патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Љ.В.(28) од с.Света Петка, кое имало оштетувања од огнено оружје.

Се работи на расчистување на случајот.