Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против К.М.(29) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотична дрога“.
На 05.07.2022 на улица „ЈНА“ во Струга, полициски службеници извршиле преглед на лица и возило, сопственост на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и метална дробилка со остатоци од марихуана, а било утврдено дека пријавениот му овозможил на друго лице да употребува дрога во возилото.