Во Полициска станица Ресен од страна на Јавната здравствена установа – Ресен, утринава околу 4:20 часот било пријавено дека Д.К.(20) од село Јанковец, бил донесен со повреда од огнено оружје во пределот на ногата.
Д.К. бил пренесен во Клиничката болница Битола.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.