Во СВР Велес вчера околу 21.20 часот било пријавено дека И.Н.(26) од с.Бузалково, велешко, кој подолго време се лечел на Нервното одделение во болницата во Велес, во дворот на семејната куќа во с.Бузалково, физички ја нападнал неговата мајка А.Н.(63), по што со тврд предмет го удрил неговиот татко Р.Н.(68).
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.