На 25.02.2020 во 10:00 часот во Одделението за внатрешни работи Гевгелија, 40-годишна жена од Гевгелија пријавила дека на 23.02.2020 околу 13:00 часот во Гевгелија А.В.(23) од Гевгелија со употреба на сила извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка.
А.В бил пронајден и лишен од слобода, а за настанот бил известен јавен обвинител и по негова наредба над оштетената и сторителот биле извршени прегледи во Институтот за судска медицина-Скопје, а бил извршен и претрес во домот на А.В..
По извршените прегледи, А.В. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.