На 19.04.2021 во 09.30 часот во СВР Скопје, Д.Ц.(44) од Чучер Сандево, скопско, пријавил дека на 16.04.2021 околу 12.00 часот неговиот син Ѓ.Ц.(20) од Чучер Сандево, додека извршувал работни задачи во приватна фирма со градежна машина во рудник во с.Бразда, се здобил со тешки телесни повреди, информираат од полицијата.
Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.