недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Морала да биде во изолација, а си шетала низ гостиварско

Морала да биде во изолација, а си шетала низ гостиварско

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.В.(21) од с.Добридол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 13.01.2022 полициски службеници извршиле контрола и не ја пронашле пријавената во својот дом и покрај тоа што имала решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.