вторник, 30. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

МОРНИЧАВО: Две безживотни тела пронајдени во двe одделни куќи

МОРНИЧАВО: Две безживотни тела пронајдени во двe одделни куќи

Од СВР Охрид информираат дека вчера околу 16,30 часот, било пријавено дека на улицата „Кузман Шапкарев“ во Охрид, во сопствената куќа била пронајдена почината 58-годишна жена. Од страна на екипа на Итната медицинска помош, констатирана е смрт без траги на насилство. Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Охрид, а по наредба на Јавен обвинител над телото на починатата ќе се врши обдукција.

Вчера, во 17,45 часот во СВР-Охрид било пријавено дека е починато лице во куќа во охридското Косел. Од страна на Итната медицинска констатирана е смрт на 77-годишно лице чие тело било во распаѓање. Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Охрид, а по наредба на ЈО над телото на починатиот ќе се врши обдукција.