сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист со „сузуки“ излетал од коловоз- се здобил со тешки повреди

Мотоциклист со „сузуки“ излетал од коловоз- се здобил со тешки повреди
илустрација

На 24.07.2022 во 22.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат од Стар кон Нов Дојран, М.А.(43) од Нов Дојран, управувајќи мотоцикл „сузуки“, без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.