Во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, вчера била донесена почината жена на возраст од 67 години.
Како што стои во билтенот на МВР, вчера во 20:34 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена 67-годишната Л.И. од Скопје и кај неа била констатирана смрт.
По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.