Во 15 часот вчера во Секторот за внатрешни работи-Скопје од Итната медицинска помош е пријавено дека во селото Волково е пронајдена почината жена во куќа.
Се работи за 71-годишната Г.В. како што информираат од полицијата.
Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје и Јавен обвинител.
По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.