На 16.08.2020 во 13.00 часот, Љ.П.(79) од Скопје пријавила дека околу 10.00 часот едно лице ја измамило за сума од 500 долари.
Според пријавеното, лицето дошло во нејзиниот дом и се претставило како дете на нивен познаник и ѝ ги побарало парите, по што пријавителката му поверувала и му ги дала.
Се работи на расчистување на случајот.