недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Му ги објавил личните податоци на Фејсбук поради откажана нарачка, заработи кривична пријава

Му ги објавил личните податоци на Фејсбук поради откажана нарачка, заработи кривична пријава

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе  кривична пријава против Х.И.(23)  од Скопје за сторено  кривично дело  “злоупотреба на лични податоци“.

-На 28.08.2018 година на социјалната мрежа  „Facebook“ во две групи за огласи пријавениот, поради претходно откажана нарачка од 33 годишно лице од Тетово, објавил фотографии, лични податоци и телефонски број, од истиот, во прилог на кои бил наведен текст со навреди и недолична содржина, информираат од МВР.