вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Му ги злоупотребил личните податоци за да комуницира со роднини и пријатели

Му ги злоупотребил личните податоци за да комуницира со роднини и пријатели

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.З.(37) од с.Ласкарци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Пријавениот, на социјалната мрежа Инстаграм креирал лажен профил на кој злоупотребувал  фотографии од оштетениот С.Ф. од с.Теарце, тетовско, што ги одзел од неговиот вистински профил, по што со истиот лажен профил комуницирал со негови роднини и пријатели.