На 11.11.2022 во СВР Скопје А.Ф.(36) вработен како директор на студентски дом во населба Кисела Вода, Скопје пријавил дека на работното место, по претходна расправија, Н.Ј., кој бил поранешен вработен во домот, заедно со уште едно лице, фрлиле запалива течност, при што настанал пожар.
Повредени лица до моментот на пријавувањето нема, а пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот и се преземаат мерки за негово расчистување.