Синоќа околу 22:30 часот на регионалниот пат Охрид – Свети Наум додека Ц.К.(33) од Охрид управувал патничко моторно возило „Пежо“ со охридски регистарски ознаки, возилото се запалило во движење.
Ц.К. изгубил контрола над него и излетал од патот.
Во незгодата со тешки телесни повреди (изгореници) се здобил возачот, кој е пренесен во Општа болница Охрид.
Извршен увид на местото на настанот.